http://trackermk.com/ Преку езерото е македонски филм од 1997 година на режисерот Антонио Митриќески, по сценарио напишано од него во соработка со Ташко Георгиевски. Во главните улоги се јавуваат Екрем Ахмети, Љупчо Бреслиски, Агњешка Вагнер и Никола Ристановски. Филмот е инспириран од вистински настан и е „своевидна драматуршка елаборација на претходно снимениот документарец на Митриќески - 'Љубовта на Кочо Топенчаров'". Дејствието на филмот, кое опфаќа период од неколку децении, во главно, е сместено во Албанија, но почетокот и крајот на филмот се одвиваат во Охрид. Вистинитата приказна се плете околу ликот на младиот Константин Бочваров (Никола Ристановски), кој во 1948 година, ја сретнува Елена Златарева (Агњешка Вагнер), Македонка која живее во Корча, Албанија. Двајцата се вљубуваат, но истата година, границата меѓу Македонија и Албанија е затворена. Константин, не можејќи да живее без Елена, се решава да тргне со кајче преку езерото - одлука која ќе резултира со четири децении егзил во Албанија во времето кога таа е „голем бункер, затвор во кој никој не можеше да влезе, ниту да избега, години на лудило кога секој секому му беше непријател". Тука, Константин на два пати завршува во логор. По излегувањето од него првиот пат, тој ја пронаоѓа Елена, но, покрај тоа што Константин добива работа во Тирана, а во меѓувреме им се раѓа и ќерка, „животот под постојан стрес и беда се рефлектира и во односите меѓу сопружниците" . Многу години подоцна, кога и по втор пат е пуштен од логор, Константин конечно се враќа во Корча да се види со Елена и веќе нивната израсната ќерка Донка. По безмалку половина век страдање, на крајот, Константин, Елена и Донка се враќаат во Македонија, во Охрид, родниот град на Константин.

PrekuezerotoПрекуезеротоМакедонскифилмАнтониоМитриќескиТашкоГеоргиевскимакедонија